LG 50PB690V Bedienungsanleitung Seite 402

  • Herunterladen
  • Zu meinen Handbüchern hinzufügen
  • Drucken
  • Seite
    / 447
  • Inhaltsverzeichnis
  • FEHLERBEHEBUNG
  • LESEZEICHEN
  • Bewertet. / 5. Basierend auf Kundenbewertungen
Seitenansicht 401
11
ENG

БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА


y
Растојание на гледање
- При гледање 3D содржини одржувајте растојание кое е барем двапати поголемо од дијагоналата
на екранот. Ако почувствувате непријатност при гледање 3D содржини, преместете се подалеку од
телевизорот.
y
Позицијата за гледање
- Гледајте така што центарот на екранот да ви биде во висина на очите и со главата исправена
директно нанапред. Во спротивно, може да не бидете во можност да гледате 3D содржини правилно.

y
Бебиња/деца
- Користењето/гледањето 3D содржини кај деца на возраст под 6 години е забрането.
- Деца под 10-годишна возраст може да реагираат бурно и да се возбудат премногу бидејки нивната
визија е во развој (на пр.: да се обидуваат да го допрат екранот или да скокнат во него. Потребно е
специјално надгледување и внимание за деца кои гледаат 3D содржини.
- Децата имаат поголема бинокуларна несразмерност за 3D презентации отколку возрасните
бидејќи растојанието помеѓу очите им е помало од она кај возрасните. Затоа тие гледаат поголема
стереоскопска длабочина во споредба со возрасните за истата 3D слика.
y
Тинејџери
- Тинејџерите под 19-годишна возраст може да реагираат со поголема чувствителност заради
стимулацијата од светлината на 3D содржините. Советувајте ги да не гледаат 3D содржини подолго
време кога се уморни.
y
Постари лица
- Постарите лица може да забележат помалку 3D ефекти во споредба со младите. Не седете поблиску
до телевизорот од препорачаното растојание.

y
Обрнете внимание да користите LG 3D очила. Во спротивно, може да да не бидете во можност да
гледате 3D видео правилно.
y
Не користете ги 3D очилата наместо вашите нормални очила, очилата за сонце или заштитните очила.
y
Користењето на модификувани 3D очила може да предизвика замор на очите или изобличување на сликата.
y
Не чувајте ги 3D очилата на екстремно високи или ниски температури. Тоа ќе предизвика деформации.
y
3D очилата се кршливи и лесно може да се изгребат. При бришење на леќите секогаш користете мека и
чиста крпа. Немојте да ги гребете леќите на 3D очилата со остри предмети или да ги чистите/бришете со
хемикалии.
y
При гледање 3D видео под неонска светлина или со лампи со три бранови должини, може да добиете
привид на треперење на екранот. Кога ова ќе се случи, исклучете ја светлината или намалета ја.
y
Другите електронски или комуникациски уреди треба да бидат исклучени или да се тргнат подалеку
од телевизорот бидејќи може да предизвикаат пречки и да оневозможат правилно работење на 3D
функцијата.
y
Кога гледате телевизија легнати долу, 3D сликата може да изгледа потемна или невидлива.
Seitenansicht 401
1 2 ... 397 398 399 400 401 402 403 404 405 406 407 ... 446 447

Kommentare zu diesen Handbüchern

Keine Kommentare