LG 50PB690V Bedienungsanleitung Seite 398

  • Herunterladen
  • Zu meinen Handbüchern hinzufügen
  • Drucken
  • Seite
    / 447
  • Inhaltsverzeichnis
  • FEHLERBEHEBUNG
  • LESEZEICHEN
  • Bewertet. / 5. Basierend auf Kundenbewertungen
Seitenansicht 397
7
ENG

БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
y
Водете сметка да нема предмети помеѓу далечински управувач и неговиот сензор.
y
Сигналот од далечинскиот управувач може да биде попречен од сончева светлина
или друг вид силна светлина. Во овој случај, затемнете ја собата.
y
При поврзување надворешни уреди како конзоли за видео игри, проверете дали
каблите за поврзување се доволно долги.
Во спротивно, производот може да се преврти, што може да предизвика повреди
или оштетување на производот.
y
Немојте да го вклучувате/исклучувате на уредот со вметнување или вадење
на струјниот кабел од штекерот на ѕидот. (Не употребувајте го приклучокот на
струјниот кабел како прекинувач.)
Тоа би можело да предизвика механичко оштетување или пак струен удар.
y
Следете ги упатствата за инсталирање наведени подолу за да се спречи
прегревање на производот.
- Растојанието меѓу производот и ѕидот треба да биде поголемо од 10 cm.
- Не вршете инсталирање на производот на места без вентилација (на пр. на
полица или шкаф).
- Немојте да го инсталирате производот на тепих или перница.
- Внимавајте отворот за вентилација да не е блокиран од покривка за маса или
завеса.
Во спротивно, тоа би можело да предизвика пожар.
y
Внимавајте да не ги допрете отворите за вентилација при гледање на телевизорот
подолго време, бидејќи отворите за вентилација можат да станат жешки. Ова не
влијае врз функционирањето или перформансите на производот.
y
Одвреме навреме проверете го кабелот на уредот и доколку забележите оштетување или
неисправност, исклучете го и прекинете со употребата на уредот додека не се замени неисправниот
дел од кабелот од страна на овластен сервисер.
y
Спречете собирање на прашина на приклучоците на електричниот кабел или
штекерот.
Тоа би можело да предизвика опасност од пожар.
y
Заштитете го струјниот кабел од физичко и механичко оштетување, како
извиткување, всукување, приклештување, притиснување со врата, или
нагазување. Особено внимавајте на приклучоците, штекерите и местото каде
кабелот излегува од уредот.
y
Не притискате силно на панелот со рака или остар предмет, како нокт, молив или
пенкало, и не гребете го.
Seitenansicht 397
1 2 ... 393 394 395 396 397 398 399 400 401 402 403 ... 446 447

Kommentare zu diesen Handbüchern

Keine Kommentare